Македонска опера и балет Ви ја најавува балетската претстава „Оревокршачка“ со две изведби во среда, 30.1 и сабота, 2.2.2019 со почеток во 20 часот.
Ова е едно од најпопуларните и најизведувани дела, на сите светски сцени по музика на Петар Илич Чајковски. Овој балет е ултимативна Новогодишно-Божиќна бајка - мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и е доста од „Оревокршачка“ пред и после Нова година, секоја година!
Во улогата на Клара настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска (30.1) и Мими Поп Алексова Атанасовска (2.2), Принц е Бобан Ковачевски, Мала Клара е Бојана Арсовска, истакнати солисти, солисти, целиот балетски ансамбл и ученици од ДМБУЦ - балетски оддел, придружени од оркестарот на Македонска опера и балет.
Диригент Бисера Чадловска.