На 28 јануари 1945 година гласот на Владо Малевски од Скадар со фразата „Ви зборува Радио Скопје“ прв пат се слушна во етерот на Радио Скопје на албански јазик. До 4 мај 1948 година Радио Скопје функционираше со прекини во емитувањето на програма на албански јазик, по што се вработени спикерките Параскиева Малевска и Нермине Кети.
Прв уредник бил Талат Авче, додека во 1967 година бил именуван и првиот главен и одговорен уредник Муртеза Пеза.
Радио Скопје, сервисот на албански јазик почнува со емитување на програма околу три часа на ден, и со тек на време во континуитет ја проширува својата програма на шест, девет, за денеска да емитува 17 часа програма.
Главниот и одговорен уредник Хаки Мустафа изјави дека Радио Скопје работи со три програмски единици, со 11 други редакции и две секции за јазици и продуценти.
– Очекувам да ни се среди студиото, да ни се даде зашто сигналите се уште не се дигитални, туку аналогни, но и да се вработат нови новинари за да оствариме 24-часовно емитување на програма, нагласи Мустафа.
Мустафа информира дека во 1992-1993 во Радио Скопје функционирал и народниот оркестар, со кого се снимиле првите видео-касети со многу познати пејачи. Пред пет години Радио Скопје ја доби наградата за најслушано сеалбанско радио „Орелско око“ од Албанската Академија на Науки.