Преработката на хит-комедијата „Сирена“ од 1984 година, повторно се актуелизира, и тоа од глумицата Џилијан Бел, која изјави дека се подготвува сценариото.

Во оригиналниот филм за маж кој се вљубува во сирена, главните улоги ги толкуваа Том Хенкс и Дерил Хана. Овојпат, како што се најавува, ликот на Хенкс ќе го толкува Ченинг Тејтум.

– Сега се пишува сценариото, па се надеваме дека филмот ќе биде готов за некоја година… Мислам дека тоа ќе се случи. Многу сум возбудена околу тоа, изјави Бел за „Индивајр“.

Бел, која исто така е вклучена во проектот, што сѐ уште е во најава, му беше партнерка на Тејтум и во „Џамп Стрит 22“.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2019 16:25