Во кафулето Енџој во унгарскиот главен град Будимпешта, персоналот го сочинуваат роботи, кои служат храна, кажуваат шеги и танцуваат со гостите.

Роботизираните келнери одат по обележани патеки, за да не си пречат меѓусебно со гостите. А, други пак, служат за забава, како на пример, „рецепционерката” од јапонско производство, Пепер. „Таа“ е една од главните атракции на угостителскиот објект, оти разговара со посетителите, а доколку посакаат, може и да танцува со нив.

Сопственикот Тибор Чишмадија смета дека вештачката интелигенција не претставува закана за работните места на луѓето.

– Всушност, ние вработивме двапати повеќе луѓе отколку порано, бидејќи за 16 или 20 роботи да работат од 9 до 21 часот, мора да имате стручни лица во позадина, нагласи тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2019 16:25