Вивиен Вествуд, Питер Габриел и Волф Алис се дел од 50-те британски уметници кои побараа овогодишниот Евросонг на место во Израел да се одржи во некоја друга држава, јави Би-Би-Си.

Причината за ваквото барање, како што се наведува во отвореното писмо до Би-Би-Си, е „кршење на човековите права во Палестина“ од страна на израелските власти. – Евросонг можеби е лесна забава, но тоа не значи дека не треба да се води сметка за човековите права, стои во писмото.

– Не смееме да затвораме очи пред систематското кршење на човековите права во Палестина од страна на Израел. Би-Би-Си според својот статут мора да ја промовира слободата на изразувањето. Треба да дејствува во согласност со своите принципи и да изврши притисок врз Евровизија да се премести натпреварувањето во земја во која не се случуваат активности против слободата, истакнуваат британските музичари во писмото.

Би-Би-Си во одговор на писмото наведе дека тоа што телевизијата го покрива овој меѓународен музички натпревар, е несоодветно да се користи за политички цели.

Некои од ѕвездите, како што се Лана дел Реј, Ник Кејв и „Рејдиохед“, повикаа на бојкот на настанот и најавија свои концерти.

Евросонгот треба да се одржи во Тел Авив во мај, откако на ланскиот Избор на песна на Евровизја победи израелската пејачка Нетво.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/01/2019 16:03