Во библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово утре од 13 часот ќе биде презентиран Конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“ кој е наменет за млади до 26 години, а го организира Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија (ЗПРМ) во соработка со Делегацијата на Европската Унија.

Младите може да конкурираат со преводи на извадоци од литературни дела напишани на некој од 24-те службени јазици на Европската Унија на јазиците кои се говорат во Република Македонија. Наградата за најдобриот превод се состои од студиски престој во некоја од европските метрополи поврзани со јазикот на преводот, годишно членство во ЗПРМ и целосно или делумно објавување на преводот во списанието „Културен живот“.

Конкурсот ќе го презентираат претседателката на ЗПРМ Огнена Никуљски и преведувачката и член на Здружението, Љубица Арсовска.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2019 17:44