Книгата поезија „Мојот храм е внатре во мене“ од авторот Марта Димитров од Кавадарци ќе биде промовирана вечер во просториите на танцовиот клуб „Прима Данца“ во Скопје.

Книгата е наградена од издавачката куќа „Нов Вавилон“ од Битола со признание за афирмација на македонскиот јазик и литература. Модератори на настанот ќе бидат Сотир Д. Георгиевски и Моника Стојанова, а артисти Ева Димитров Кузев и Моника Стојанова.

– Инспирацијата ја црпам од секојдневниот живот. Обожавам да пишувам за смислата на животот, а песните претежно не се љубовни, иако понекогаш пишувам и за љубовтам, вели авторката.

Во текот на овој месец, книгата ќе биде промовирана во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2019 10:53