Во натпревар од 14.коло на ракометната регионална СЕХА-лига, екипата на Металург вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ загуби од ППД Загреб со убедливи 36:24.

Домаќините одиграа добро само дваесетина минути кога беше 8:8, а потоа Хрватите ја преземаа контролата на резултатот и првото полувреме го завршија со пет голови предност (15:10).

Иста слика и во вторите 30 минути. Фаворитот го зголемуваше водството и во ниту еден момент не му дозволи на ривалот да се понадева на поволен резултат.

Македонскиот вицепрвак остана на само две победи и еден нерешен резултат забележувајќи го 13. Пораз.

За загрепчани ова беше 12. победа по која се изедначија со Вардар на врвот на табелата со по 36 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2019 01:39