Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач беше разочаран по поразот од Баер Леверкузен со 1:3, кој го остави неговиот тим на 7 поени зад лидерот во Бундеслигата – Борусија Дортмунд.
Хрватскиот стратег истакна дека Баварците заслужиле барем бод.
– Резултатот не одговара на она што го видовме на теренот. Имавме динамичен натпревар во кој игравме добро во првото полувреме и моравме да решиме се уште тогаш. Реми ќе беше поправедно. Домаќините имаа 4 удари и постигнаа 3 гола. Сакавме да бидеме компактни, но направивме грешки што ривалите ги казнија рече Ковач.
Во следната рунда, Баерн го пречекува Шалке 04