Локални власти во Кина во јануари издадоа хартии од вредност за 418 милијарди јуани (околу 62,3 милијарди долари).

Според интернет страницата за финансиски информации „Wind info“, месечниот обем на овој вид обврзници е на рекордно високо ниво, со само 140 милијарди јуани на последниот ден од месецот.

Вредноста на новите обврзници е околу 369 милијарди јуани, а оние за рефинансирање – 49 милијарди

Минатата година, Владата даде зелено светло на локалните власти, провинциски и општински, да издадaт обврзници за финансирање големи проекти за транспортна инфраструктура.

За 2018 година, обемот на овој вид на хартии од вредност ќе изнесува 1.39 трилиони јуани, што претставува 63 отсто од долгот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2019 11:28