Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југоистичниот брег на Доминиканска Република.
Земјотресот е почувствуван и во соседно Порторико, а досега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Американскиот геофизички институт соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 66 километри, со епицентар на 159 километри источно од главниот град Санто Доминго.