Песни од Стефан Марковски преведени на шпански јазик се објавени во Мексико, Перу и Шпанија.
Во Мексико се објавени на платформата „Primera Pagina Revista“ во препев на шпански јазик од венецуелската авторка и преведувачка Мариела Кордеро, со илустрации на Аиме Сервантес Флорес.
Објавата во Перу беше реализирана електронски со наслов „La frialdad de la tarde“ (Вечерното студенило) со извадок од стиховите на сајтот vallejoandcompany.com.
Во Шпанија песните од Марковски беа објавени на порталот latortugabulgara.com во препев на шпанскиот поет и преведувач Марко Видал Гонзалез кој живее во Софија.