Бактериите што се наоѓаат во системот за варење, се поврзани со менталното здравје. Поточно, доколку едно лице нема два вида бактерии, има поголеми шанси да заболи од депресија, се посочува во најново истражување на белгискиот Католички универзитет на Лувен.
Во испитувањето учествувале 1.036 лица, и анализирани се над 500 видови бактерии, со посебна задршка на оние кои влијаат на работата на мозокот. Заклучоците говорат дека ако одредени два вида бактерии ги има во невообичаено помала количина во човековиот организам, лицето е во депресија.
Професорот Џерон Рес од Катедрата за микробиологија при Универзитетот, истакнува дека идеја е да се утврди одговорот токму на тоа – дали во иднина депресијата ќе ја лекуваме со мешавина од бактерии кои се наоѓаат во човековиот организам, наместо со сегашните антидепресиви.