Германскиот шампион и минатогодишен финалист во германскиот Куп, Баерн Минхен се квалификуваше за четвртфиналето на турнирот откако победија со 3:2 над Херта во Берлин.

Мечот на „Олимпискиот стадион“ во германскиот главен град понуди драма и интересни моменти, а на крајот победникот беше решен по продолженија.

Во третата минута, Максимилијан Мителштад донесе водство на домаќините, но резултатот беше израмнет четири минути подоцна, кога Серж Гнабри погоди.

Поранешниот играч на Арсенал направи пресврт со вториотгол во 49-тата минута, пред Дави Зелке да го израмни резултатот.

Во продолженијата на натпреварот Кингсли Коман го донесе успехот на баварците, откако беше прецизен во 98-та минута.

Останати резултати од осминафиналето на Германскиот куп:

Холштајн Кил – Аугсбург 0:1 РБ Лајпциг – Волфсбург 1:0 Шалке 04 – Фортуна Дизледорф 4:1

Во вторникот:

Хајденхајм – Баер Леверкузен 2:1 Хамбургер – Нирнберг 1:0 Борусија Дортмунд – Вердер Бремен 3:3 (Вердер поуспешен на пенали) Дуизбург – Падерборн 07 1:3.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2019 09:25