Турски театар-Скопје денеска ќе изведе две претстави – од 11 часот куклената претстава „Калифот Штрк“, а од 19 часот – претставата за младинци „Ана и Хана“.

Куклената претстава е според мотиви од истоимената бајка на Вилхелм Хауф, по драматизација и режија на Дарко Ковачовски. Сценограф, костимограф и автор на куклите е Надја Василева-Ковачовска. Насловниот лик го игра Аксел Мехмет, а во екипата се и актерите: Фунда Ибрахим, Наџије Кеч и Тамер Ибрахим.

Претставата „Ана и Хана“, која на сцената на Театар Комедија ќе биде изведена од 19 часот, е по мотиви на „Дневникот на Ана Франк“ во адаптација и режија на Драгана Гунин.

Насловните улоги ги толкуваат Емине Халил и Жале Османли, а во актерската екипа се и: Инес Радончиќ; Хакан Даци; Фунда Ибрахим; Един Јакуповиќ; Зиба Радончиќ; Ријад Тахир и Наџије Кеч. Сценограф е Беди Ибрахим, костимограф Елена Вангеловска, кореограф Александра Кочовска-Начева, а музиката е на Ади Имери.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2019 11:28