Амбасадата на Република Словачка во Скопје денеска ќе ја претстави изложбата „По трагите на Свети Кирил и Методиј“ фотографска биографија на покровителите на Европа во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, во Скопје.
-Триесетидвете поставки (слики) од изложбата ќе бидат презентирани на еден поинаков начин, од страна на осум ученици од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, кои ќе бидат под водство на нивните ментори, соопшти Амбасадата на Република Словачка во Скопје.
Изложбата претходно беше отворена во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, беше поставена во Охрид, а во наредниот период се планира да биде поставена и во други градови во Република Македонија.