Продукциските компании Аутлајер Сосајети на Мајкл Б. Јордан и Ворнер Брос ги откупија правата за филмување на книгата „Црниот леопард, Црвен волк” од Марлон Џејмс.

Приказната се заснова на африканскиот мит за Тракер, поради чиешто прецизно чувство за мирис го најмуваат во потрага по исчезнато дете каде што тој ќе се бори против политичкиот хаос во завојуваните кралства. Детето кое тој го бара може да е наследник на царството, што дополнително го усложнува заплетот.

Џордан, ѕвездата од ланскиот хит „Црниот пантер“, на шега го опиша проектот како – африканска „Игра на престолите”.

Првично, најавени се три филма кои ќе се снимаат наредните години.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2019 15:14