Лошиот рејтинг на терен на ниво на целата држава, особено меѓу гласачите од македонската етничка заедница, го предомислија премиерот Зоран Заев да отстапи од критичките ноти кон коалициониот партнер, и денеска да му ја стави на маса консензуалната понуда за претседателските избори на Али Ахмети. Последниот, му порача дека „нема да оди неканет на свадба“ и го повика целиот албански политички блок да поддржат заеднички кандидат. Но сега, стигна одново понуда од Заев.

Ама причината за фрлената ракавица на премиерот не е само рејтингот, што заостанува зад ВМРО ДПМНЕ...

Имено, како што дознава Макпрес од извори на Бихаќка, на партиските анкети во СДСМ уште во водство е министерот Оливер Спасовски, пред колегите Радмила Шеќеринска и Никола Димитров, но и пред Стево Пендаровски. Сепак нема доволно проценти на врвот како што во моментот има професорката Гордана Силјановска Давкова. Ова го објаснува и фактот што СДСМ се одлучи отвори оглас на кој надпартиски личности ќе можат да се кандидираат, во обид да најде човек, по можност професор, кој ќе може да ги обедини неопределените и „шарените“.

-Досега таков не се пријавил, затоа се неопходни здружените сили со ДУИ, велат нашите извори. Спасовски пак, би се кандидирал само ако претпоставениот – Заев го одобри тоа. Во меѓувреме, според нашите извори, барањето на ДУИ да го добијат началничкото место во Генералштабот, не поминало во СДСМ- што било само капка плус масло во огнот на релација Заев-Ахмети.

Ќе ја прифати ли ДУИ понудата од Заев?



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2019 17:09