Сезоната, во која НТ „Антон Панов“ од Струмица ја одбележува 70-годишнината од постоењето, ја почнува со детската претстава „Пипи Долгиот Чорап“. Премиерата на ова култно дело од Астрид Линдгрен е в недела на големата сцена на театарот.

Режијата е на Драгана Таневска, која ја потпишува и сценографијата. Драматизацијата е на Ацо Гогов, а костимите се на Ванчо Василев.

Насловната ролја на Пипи Долгиот Чорап ја толкува Анкица Бенинова.

-Од почетокот на подготоквите на претставата кај мене се појави едно огромно задоволство да ја креирам и играм Пипи како лик заради тоа што е многу темпераметна и живее во сопствен свет, во некои сопствени авантури кои ги има доживеано или не, рече Бенинова.

Покрај неа во претставата настапуваат и актерите Игор Тодоров, Јулија Милкова, Ванчо Мелев, Кире Ѓоргиев и Ванчо Василев.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2019 20:29