По првите реакции од објавената Годишна програма за поддршка на проекти од културата, ресорниот министер Асаф Адеми во фејсбук-статус кој Министерството за култура го објави на својата веб-страница, напиша дека одлуките за секој проект се земени врз основа на предлог на професионалната комисија и дека во ниту еден случај, како што вели, тој не вршел никаков притисок за избор на некој проект.
-Со големо внимание ги следам критиките, реакциите, пофалбите и предлозите, исто така сакам да ви кажам дека сум во постојан контакт со членовите на комисите и со правната служба при Министерството. После консултаците што ги имаме, заедно ќе одлучиме за следните чекори. Истовремено би ви обврнал внимание на следното: моето мото „култура за сите“ беше без било каква етничка, политичка или религиозна предрасуда. Јас не сум од тие политичари што функцијата ја гледа како алатка за лично богатење. Во овој период најмногу се потрудив да ја зголемам транспарентноста, борбата против корупцијата и да не правам било какви разлики меѓу граѓаните на државата. За мене политичката функција министер не е света, пишува во објавата на Адеми кој е службено отсутен од Македонија.
Резултатите од Годишната програма на поддржани проекти од национален интерес во културата Министерството денеска ги објави на веб-страницата и соопшти дека биле доставени 5560 апликации, а комисиите предложиле поддршка за 2781 проект.