Во сабота, 16 февруари со почеток во 20.00ч. во Македонската опера и балет ќе се изведе романтичарската опера „Хофманови приказни“ на Жак Офенбах, во која поетот Хофман ги раскажува своите вонвременски приказни за љубовта.

Либретото на француски јазик е напишано од страна на Жил Барбиер и базирано е врз три кратки приказни, напишани од страна Е.Т.А. Хофман. Како главен протагонист во операта е искористен Хофман лично. Барбиер и Мишел Кери претходно имале реализирано претстава „Хофманови приказни“, која била продуцирана во театарот „Одеон“ во Париз во 1851 година и која Офенбах ја имал гледано.

Приказните на Хофман се карактеризираат со нијанси на емоции проследени со алегориски фигури: љубов, добро и зло. Разочаран и исцрпен, Хофман се буди како од кошмар да сознае дека вистинската убавина и вистинската љубов се наоѓаат во нас...

„Хофманови приказни“, која самата по себе плени со прекрасна музика, ги следи доживувањата на боемот Хофман, но плени и со впечатлив наративен спој на настани од реалноста завиени во научно-фантастичен контекст.

Диригент - Андреа Черта (Италија), режисер - Урсула Хорнер (Австрија), сценограф - Марија Ветероска, костимограф - Марија Пупучевска, кореографи се Урсула Хорнер и Олга Панго. Во операта настапува бројна солистичка екипа:

Хофман: Рафаел Алварез (Мексико) Никлаус: Николина Јаневска Олимпија: Наде Талевска Џулиета: Марија Наумовска Антонија: Дашира Ахмети - Крлиу Линдорф, Дапертуто: Андреа Ѕаупа (Италија) Копелиус, Д-р. Миракл: Ернес Ибраимовски Андрес: Дејан Стоев Кошенил: Јане Дунимаглоски Питикиначо: Дејан Стоев Франц: Јане Дунимаглоски Лутер: Диме Петров Спаланцани: Зоран Данилов Креспел: Владимир Саздовски Глас: Катерина Бошковска Шлемил: Невен Силјановски Учествува хорот и оркестарот при МОБ.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2019 15:14