Министерството за култура реагира на наводите за нетранспарентност при работењето на стручните комисии , кои ги разгледуваат одбиените апликации на Годишната програма за проекти од национален интерес.

,,Во врска со обвинувањата за нетранспарентност од страна на Министерството за култура при денешната работа на стручните комисии кои ги разгледуваа одбиените апликации на Годишните конкуси за проекти од национален интерес, сакаме да известиме за следново:

Стручните комисии денеска започнаа со работа и тоа со работно време од 10.30 до 16.30 часот, период во кој медиумите имаа можност да снимаат инсерти од нивната работа и да го проследат целиот процес на прегледување на пријавите.

Информираме дека медиумите самите, по нивна желба, ги напуштија просториите на Министерството за култура, а дел од нив тенденциозно известија дека дека имало притисоци да ги напуштат просториите на Министерството, што е неточно.

Дел од медиумите преносоа изјави од учесници на конкурсот, без самите апликанти да ги добијат решенијата од Министерството за култура со образложенијата зошто се одбиени.

Во однос на исказите на некои апликанти, учесници на конкурсот за меѓународна дејност и наводните превиди на комисијата при евидентирањето на некои материјали (како покана за учество на апликантот), ве известуваме дека Комисијата за меѓународна дејност сè уште не е почната со работа и со разгледување на одбиените проекти.Медиумите, иако имаа можност да го следат целиот процес на работа на стручните комисии, не го сторија тоа, туку испратија прашања до Министерството за култура, а некои не ги објавија одговорите.

Министерството за култура, како досега, така и во иднина, останува доследно на заложбите за транспарентност и отчетност во сите аспекти на неговото работење,се наведува во реакцијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2019 03:28