Комуналните служби на Општина Карпош денеска исчистија дива депонија во областа Горно Нерези при што запленија поголемо количество на гуми и спречија да завршат во некое од домаќинствата како огревен материјал, информираат од локалната самоуправа.
-Една од главните причини за аерозагадувањето е начинот на греење на домаќинствата, а анализите покажуваат дека голем број на домови се греат токму на отпадни гуми. Ваквиот начин на загревање е еден од главните загадувачи на воздухот, иако се идентификувани и други несоодветни отпадни суровини кои алтернативно се користат за затоплување во индивидуалното домување, велат од Општина Карпош.
Нашите инспектори, додаваат, се постојано на терен во контрола и обид за спречување на употребата на ваквите штетни емитери на опасни честички во воздухот.