По средбата на премиерот Зоран Заев со министерот за култура Асаф Адеми ќе се знае дали ќе се поништи дел од конкурсот на Министерството за култура кој наиде на реакции во изминатите денови.

Средбата, како што денеска изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски, најверојатно ќе се реализира во петок.

– По враќање од службен пат, министерот Адеми ќе има средба со премиерот Зоран Заев и по тој состанок ќе се знаат понатамошните чекори. Дали ќе има поништување на дел од конкурсот, ќе се знае по работниот состанок, истакна Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференцијата во Владата на Република Северна Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2019 14:39