Следејќи ги трендовите на Европска Унија за дигитализација на секој аспект од царинското работење, Царинската управа денеска ги промовираше курсевите за електронско учење преведени и приспособени на македонски јазик.

Програмата за електронско учење предвидува можност за унапредување на обуките на Царинската управа, различно од класичното учење, како и можност за значително зголемен број слушатели на обуките. Нивната достапност и флексибилност, овозможуваат полесно разбирање на царинското законодавство и се дел од заложбите на Царинска управа за блиска соработка, како со економските оператори, така и со сите засегнати од царинските постапки.

Тој истакна дека пренесувањето на информациите е предуслов за униформна примена на царинското законодавство, а е-учењето е одговор на сè поголемата потреба за обуки.

-Компететноста и конкуретноста на царинските службеници се важни и треба постојано и систематски да се развиваат. Со посветеноста да се користи платформата за е-учење, можат полесно да се применат стратешките цели на Царината, како и на увозниците и извозниците, рече Танасоски и додаде дека ова е една од трите активности во на исполнувањето на Стратегијата на Царинската управа во пристапувањето кон членството на Република Македонија во ЕУ, односно тука опфаќа дигитална царина за софтверот што веќе се наоѓа во пилот проект, овозможување обуки во што ги презентираме царинското законодавство што ќе се применува во ЕУ и една клучна активност е запознавање на учесниците со царинската постапка и пред време да се стекнат со познавања за тоа што не очекува со пристапувањето во ЕУ.

На презентацијата раководителот на Одделот за оперативни работи и советник при Делегација на ЕУ Фрек Јанмат ја потенцира потребата за поблиска соработка помеѓу царинските администрации и деловната заедница и користењето на информатички и комуникациски технологии при зајакнување на знаењето.

Истакна и дека модулите за електронско учење, со содржаните информации придонесуваат за подобрување на експертското знаење.

Иницијатива на Царинската управа за изучување на царинската регулатива, со избор на еден од поефективните начини за едукација – курсеви за електронско учење, кои се широко достапни и секој може да учи со сопствено темпо и во време кога е најслободен ја поздрави Виктор Стојкоски, генерален секретар на Асоцијацијата за Е-трговија на Македонија.

За следење на овие електронските курсеви, потребен е само пристап до интернет и на едноставен начин преку веб страната на Царинската управа, секој заинтересиран може да се стекне со основно или напредно знаење за сите теми од царинското работење. Исто така, е-курсевите се од големо значење и за подобрување на институционалниот капацитет на Царинската управа, бидејќи сега секој царински службеник, преку трите модули на курсевите, може на лесен начин и во секое време прогресивно да напредува и да достигне експертско познавање за царинските процедури.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2019 15:42