Автобус полн со патници се преврте на автопат Тетово-Скопје кај селото Ласкарци денеска околу 17 часот, потврди МВР за МИА.

Официјални информации се уште нема за тоа што се случило и дали во сообраќајката има жртви и повредени.

На лице место се упатени и протипожарни екипи да помогнат во извлекување на повредените, а болниците во скопје се мобилизираат да ги примат повредените.

Несреќата според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.

Според репортерот на МИА, кој е на местото на несреќата се работи за автобус на „Дурмо турс“ од Гостивар, а сообраќајката се случила меѓу Ласкарци и Карпалак.

МИА стапи во контакт со „Дурмо турс“, но вработениот оттаму ни кажа дека засега не може да каже точка бројка на патници во автобусот, кој сообраќал од Скопје кон Гостивар и оти уште ги собираат податоците.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2019 18:38