Вкупно 13 загинати е засега официјалниот биланс од несреќата што се случи попладнево на патот СКопје – Тетово, во близина на Карпалак.
Како што информира вечерва министерот Венко Филипче, седум лица починале на местото на несреќата, пет во ГОБ „8-ми Септември“ и едно лице во старата Градска болница во Скопје.
Од вкупно згрижените 32 лица во ГОБ „8-ми Септември“, четири се во критична состојба, а сериозна е и состојбата на уште двајца повредени кои се хоспитализирани во Ургентниот центар.
Меѓу починатите, како што потврди СДСМ за МИА, е и 25-годишниот Јовица Трпевски, син на пратеникот од оваа партија Благојче Трпевски.
Имињата на 13-те загинати се уште не се соопштени зашто во тек е нивна идетификација на Институтот за судска медицина.