Утре и задутре, 14 и 15 февруари, ќе бидат прогласени за денови на жалост поради тешката сообрќајка што се случи попладнево на патот Скопје – Тетово кај Карпалак.

Како што соопшти вечерва премиерот Зоран Заев, изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите, бројката на починати се искачи на 14, а шест се борат за живот.

-Тешка ноќ, полна со неизмерна болка и тага. Немам зборови кои можат да бидат доволна утеха за семејствата на нашите сограѓани кои вечерва трагично ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа, изјави Заев вечерва во Владата.

Тој најави дека утре ќе ги посети повредените во болниците, а во нареднит денови ќе се донесат и долуки за поддршка на семејствата на починатите.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2019 00:58