Дваесет и девет повредени во вчерашната сообраќајна несреќа кога автобус се преврте на автопатот Скопје-Тетово, се лекуваат во Градската општа болница „8 Септември“, шест повредени се во Клиничкиот центар, а двајца пациенти се во Тетовската болница. Во несреќата има 14 жртви, а седуммина од кои четворица во ГОБ „8 Септември“ и тројца во Клиничкиот центар се во критична и тешка состојба, но се во стабилна здравствена состојба.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи ги посетија повредените во ГОБ „8 Септември“.
– Возачот на автобусот има телесни повреди и е пуштен на домашно лекување, изјави директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов.