Средношколци од шест скопски училишта денеска попладне во Центарот за иновации „Јавна соба“ ќе го актуелизираат проблемот со врсничкото насилство и ќе прикажат примери преку методот на форум-театар како креативна алатка за изразување и пронаоѓање решенија.

Креатор на форум-театарот, наречен и театар на угнетените, е Аугусто Боал кој го гледа театарот како форма на искажување на сопственото мислење. Со формирање на театарот на угнетените (форум-театарот) ѝ дава можност на публиката да си го искаже своето мислење и да реагира со цел да се реши одредена ситуација.

По изведбaта на претставата е предвидена дискусија за прикажаните примери и за врсничкото насилство во средните училишта. На настанот кој ќе почне во 16 часот се поканети ученици, професори, родители и сите засегнати кои сметаат дека може да се вклучат во решавање на овој проблем.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2019 10:55