Гордана Силјановска, првиот официјален кандидат во претседателската трка. Со 408 гласови Силјановска е избрана на партиската конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, освојувајќи ја номинацијата уште во првиот круг.

Со поддршка од голем број професори,интелектуалци, професорката реши надпартиски да се впушти во играта за шеф на државата. Вели одлуката за кандидатурата ја донела водејќи ја свеста за потребата од глас на разумот, правото, правдата, моралот и вистинските европски вредности.

Но, која е всушност Силјановска? Жена,мајка,професор,борец за владеење на правото. Почетоците на јавната сцена на Силјановска датираат од 1991 година каде таа беше член на Уставната комисија на Собранието, а потоа и од 1992 до 1994 година каде го зазема местото на министер без ресор во првата влада која како премиер ја водеше Бранко Црвенковски.

Силјановска докторирала со почести во 1993 година на Универзитетот во Љубљана. Основач е и на првиот Совет на европско движење во Македонија. Во периодот од 2012 до 2016 беше и член на Венецијанската комисија за малцински прашања,експерт на ООН за избори од 1998 година до денес, експерт на ОБСЕ за родови прашања, основач е на Европското движење на Македонија, беше претседател на Граѓанското движење во периодот од 2004 до 2006 година, добитник е наградата за развој на владеење на правото на ОБСЕ, добитник е на медал за работа околу родовата еднаковсот на Сојузот на жени на Македонија, беше и претседател на женското лоби од 2002 до 2004 година. Професорката Силјановска, е една од ретките која во 90-тите години беше исклучена од Бордот на Соросовата фондација во Македонија.

Силјановска беше во центарот на вниманието изминатиот период каде црвсто ги искажуваше ставововите, преку правниот систем против Преспанскиот договор, но и против законот за употреба на јазиците.

За Силјановска,во последните години е тешко да се направи поврзаност со било која политичка партија во Македонија бидејќи секогаш била критички настроена кон секоја власт.

По вчерашниот избор за кандидат на претседател, Силјановска им заблагодари на делегатите за довербата. Рече дека многу добила од Македонија и дека е време да и врати за тоа.

Доколку победи на изборите, универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова ќе стане прва жена претседател на државата.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2019 03:52