Во поширокиот велешки регион лани биле извршени 141 кражба, што е за 20 проценти помалку споредено со 2017 кога имало 175, инфомрират од СВР Велес.

Во реонот на Кавадарци, СВР Велес лани регистрирал 130 кражби, а што е помалку за 9,1 процент споредено со 2017 кога биле 143 кражби.

Во реонот на Неготино лани полицијата регистрирала 36 кражби што споредено со 2017 е помалку за само две кражби кога имало 38.

Вкупно во трите општини во 2018 се регистрирани вкупно 307 кражби што е помалку за 14 проценти споредено со 2017, кога од СВР Велес регистрирале вкупно 356 кражби за трите општини.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2019 18:13