Според информацијата од СВР Велес, вчеравечер во 18:00 часот, 21-годишно момче од неготинско село пријавило дека на 16-ти февруари околу 01:30 часот пред наплатната станица „Градско“ непознат сторител го присилил на полов однос.

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, по наредба на Јавен обвинител момчето е упатено на медицински преглед.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2019 05:00