Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, на својот Фејсбук профил со статус реплицираше откако премиерот Заев изјави дека таа е „надвор од актуелниот концепт на живот, надеж и живеење на огромно мнозинство од граѓаните“.

– На навредите и етикетите кон мене им се придружи и премиерот. И морам да кажам дека се согласувам со него дека сум надвор од неговиот концепт за животот. Јас сум надвор од неговиот концепт на живот во кој работа има само за децата на неговите министри и владини функционери. Надвор сум од неговиот концепт за живот во кој тендери има само за неговите соработници, пријатели, роднини и партиски другари. Не сакам да бидам дел од концептот во кој живеењето значи од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да исчезнат 19 милиони и никој да не одговара. Да, јас сум надвор од моралните норми во кои во сообраќајка загинаа 15 луѓе а никој не презема политичка одговорност за трагедијата, стои во Фејсбук објавата на Силјановска.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2019 05:04