Градежниот работник М.А.(33) од тетовското село Челопек, загинал вчера на објект во изградба на улица „Лондонска“ во Скопје, што го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала Речица.

Како што соопшти МВР, вчера во 15 часот било пријавено во СВР Скопје, дека додека М.А. се обидувал да натовари железна арматура на кран, арматурата се откачила и од висина од околу два метра паднала врз него.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2019 12:45