Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн закрепна порано од предвиденото време по повредата на лигаментите на глуждот. Како што објавија „Скај Спортс“ Англичанецот почна да тренира, иако тој требаше да биде отсутен до март.

Кејн се повреди на натпреварот со Манчестер јунајтед на 13 јануари.

Во негово отсуство „Спарс“ ги доби сите натпревари во Премиер лигата (Лестер, Њукасл, Вотфорд и Фулам) и ја порази Борусија Дортмунд (3:0) во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите, меѓутоа тие беа елиминирани од Лига купот и ФА купот.

Оваа сезона, Кејн постигна 20 гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2019 15:00