Заводот и Музеј-Битола со грант од Балканската музејска мрежа изработи 14 аудио снимки со нарација на македонски и англиски јазик и 14 видео снимки со интерпретација на знаковен јазик на текстови за 14 експонати од постојаната музејска поставка.
Со ова, преку специјални изработени и поставени кодови до самите експонати, еден дел на предметите на постојаната поставка, сега се достапни и за посетителите со оштетен слух и говор.
Од Заводот и Музеј-Битола информираат дека деталите на предметите може да се разгледуваат и со поставената лупа на секој експонат, како и фотографиите на веб страната на Музејот.
Во рамки на проектот опфатени се експонатот заби од мастодонт, ноќна ламба-луцерна, пафта, икона Св. Никола, Трагичната маска, Жртвеник, „Спирали“ и „Пејсаж“ од ликовниот уметник Борислав Траиковски, фрагмент од керамички сад, мозаик, портрет на девојче од Пецо Видимче, портрет на партизан од Тоде Ивановски, портет на Мустафа Кемал Ататурк, како и зградата на Заводот и музеј Битола.