Книгата „Мартин Крпан – Дипломат и воин“ од проф. д-р Милан Јазбец, актуелен амбасадор на Република Словенија ќе биде промовирана вечер во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје.

Преводот на македонски јазик е на проф. Соња Должан. Изданието го вклучува и ревидираниот превод на повеста Мартин Крпан од словенечкиот писател Фран Левстик.

Поздравна реч ќе има писателот Раде Силјан, а изданието ќе го промовира проф.д-р Весна Мојсова – Чепишевска. На промоцијата ќе се обрати и авторот Милан Јазбец, кој ќе ги претстави и своите најнови изданија, објавени на македонски, албански и руски јазик.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2019 17:07