Прво ќе побарам од било кој од пратениците да предложат закон, односно за измена на законот за привилегиите на претседателот по завршување на мандатот, се разбира тој закон нема ретроактивно и ќе важи од мене натаму, истакна Гордана Силјановска Давкова во интервјуто за Телевизија Сител.

Мислам дека секоја реформа треба да почне од вас, од претседателот заради загадениот политички воздух и атмосферскиот тогаш претседателот треба да ја дели неговата судбина, рече кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска одговарајќи на прашањето кој ќе биде првиот чекор доколку биде избрана за претседател на джавава.

Според неа „треба да почнат реформи и во самата влада оваа на заминување, идната на доаѓање, во смисла почнување на реформите од себе со редуцирање на бројот министерствата радикално, со укинување на заменичките функции такво нешто не постои …јас имам долга листа и мислам дека ќе ја разбуркам оваа политичка бара“.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2019 06:49