Партиски извори во СДСМ за Makpress.mk велат дека Зоран Заев, иако завчера рече дека сака да остане прв човек на извршната власт, сепак има 50 отсто шанси да ја трча претседателската трка - пред се поради тоа што ниеден од предложените имиња на листата на СДСМ, нема доволно висок рејтинг за да и парира на Силјановска во овој момент.

Дополнително во негова полза оди и рејтингот кој го има кај албанското гласачко тело. Според нашите извори, Премиерот Заев и СДСМ убедливо водат кај албанскиот блок на гласачи пред Алијансата на Албанците на Зијадин Села па дури потоа ДУИ на Ахмети.

За потсетување, последниот претседател од редовите на СДСМ, Бранко Црвенковски, до последен момент негираше во јавноста дека ќе се кандидира за Претседател на Македонија исто како што и Премиерот Заев во неколку наврати го стори тоа преку медиумите. Сепак, ситуацијата на терен но и неговата изјава дека би бил идеалниот консензуален кандидат ја остава можноста во последен момент да се предомисли и да ја бара довербата од граѓаните за прв човек на државата.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2019 06:51