Премиерот Зоран Заев во завчерашната изјава за медиумите по средбата со лидерот на ДУИ, истакна дека и членот на МАНУ Абдулменаф Беџети како и градоначалничката на Тетово Теута Арифи се во игра за прв човек на државата.

Како што дознава Makpress.mk, Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, била ставена како консензуален кандидат за претседател, но во СДСМ Арифи не поминала. Прво, заради тоа што сметаат дека премногу испорачале во пресрет на изборите кон ДУИ, како на пример законот за јазици. И второ, заради нискиот рејтинг на Арифи - како меѓу нејзините Тетовчани, така и меѓу македонскиот електорат. Покрај ова, предност за Арифи би било тоа што би влегла во трка за „претседателка“ и изборите би се насочиле кон избор на прва дама, но анкетите покажале дека има многу понизок рејтинг од кандидатот предложен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова. . Предлог на ДУИ бил и академикот Абдулменаф Беџети, како натпартиски кандидат за што раководството во СДСМ не реагирало жестоко против, но пак анкетите го рангирале на осмо место меѓу десетте имиња за кои гласало пред се членството и симпатизерите.

На партиските анкети во СДСМ уште лидерската позиција ја држи министерот Спасовски, потоа е Шекеринска, Димитров, Пендаровски, Малевски и Еленовски.

Неофицијално, од извори на Makpress.mk, како албански имиња на листата на консензуален кандидат стојат и Мухамед Зекири и Имер Селмани но првиот според гласовите е претпоследен на листата, а вториот, десетти односно последен.

Покрај овие десет имиња, на некои анкети во опозициската СДСМ се појавило и името на Владо Бучковски, но засега нема официјална потврда дека влегува во потесниот круг на можни кандидати на владеачката партија.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2019 06:58