Филмот „Зелената книга“ заработи најмногу пари по 22 јануари, односно по објавувањето на номинациите за Оскар за најдобар филм.

Филмот во изминативе 30-тина дена заработи 127,1 милион долари.

На второ место е „Боемска рапсодија”, со 55,8 милиони заработка по 22 јануари. Сепак, биографскиот филм за пејачот на групата „Квин”, Фреди Меркюри, има многу поголема вкупна заработка од 854 милиони долари.

Според ИМДБ, од деветте номинирани филмови за Оскар, овие две филмски остварувања имаат највисоки оценки кај публиката.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2019 05:38