Централниот бек на македонскиот ракометен шампион Вардар, Игор Карачиќ, се уште не знае дали и следната сезона ќе го носи „црвено-црниот“ дрес.

Хрватот кој во моментов е играчот со најдолг стаж во тимот, на клупскиот сајт одговарајќи на прашања од навивачи рече дека неговата иднина во Вардар е неизвесна.

– Во моментов не можам да одговорам на тоа прашање. Ќе видиме. Ми истекува договорот оваа сезона. Постои можност и да останам, но во следните десетина денови ќе се знае повеќе околу мојата иднина, стои во одговорот на Карачиќ.

Запрашан дали може Вардар повторно да биде на врвот во ЛШ, Карачиќ вели дека и овој тим има потенцијал за висок дострел.

– Сигурно, зошто да не? И кога бевме шампиони не бевме многу силни, но сите проверени. И денеска имаме фонд на играчи што може да одработат. И таа 2017 видовме дека се може да се случи.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2019 12:00