Алијанса за Албанците и Беса се во постојани преговори со Алтернатива, за заеднички, надпартиски кандидат за претседател на државата, дознава Макпрес од извори во партијата предводена од Зијадин Села. Опцијата за евентуално предомислување и менување на правецот на линија со ДУИ, односно СДСМ, велат е невозможна.

-Преговараме со сите албански политички субјекти, освен со ДУИ, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, вели нашиот извор.

Според истиот извор, за два-три дена ќе се знае дали одат само со Беса или ќе настапат сите три здружени сили, заедно со Алтернатива- неодамна преименуваното ткиво на Беса под палката на Африм Гаши.

- Веќе следната недела мора да се почне да се собираат потписи , па до викендов ќе знаеме на што сме, додава нашиот извор.

Средбата Касами – Заев не верува дека ќе донесе поинаква ситуација, од оваа која во моментот се случува на релација Села- Касами. Вака гледано СДСМ го има партнерот ДУИ како сигурен играч, но имајќи го предвид слабиот рејтинг на Ахмети, власта сериозно треба да бара поинаква опција за евентуален солиден изборен резултат.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2019 14:23