Немаме договор, поставивме услови на маса но во фаза сме на анализи сеуште, рече лидерот на Беса, Билал Касами по средбата со премиерот Зоран Заев во обид да се договорат за заеднички кандидат за претседател.

-Нашата поддршка е условена, тоа мора да биде човек кој ќе се грижи за сите граѓани, вели Касами. Не сакаше да открива имиња кои биле ставени на маса, и рече бил поблизок во секој случај до ставовите на Села отколку на Заев.

Премиерот пак вели не му биле ставени на маса услови од Касами, туку си ветиле дека ќе си ги споделат анализите од анкетите што ги правеле за да видат дали се можни заеднички настапи.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2019 16:33