Регионалната телевизија „Ал Џазира Балкан“ повикува автори и продуцентски куќи да учествуваат на вториот фестивал на документарен филм AJB DOC (Al Jazeera Balkans Documentary Film Festival), кој ќе се одржува во Сараево од 20 до 24 септември 2019.

Во фокусот ќе бидат документарни филмови наменети за телевизиско емитување, а целта на фестивалот е да афирмира автори и филмови кои се занимаваат со општествени феномени, акцентирајќи ги универзалните човекови вредности.

Пријавите за учество треба да се пратат преку формулар за аплицирање на веб-страницата www.ajbdoc.ba ili platforme Film Freeway. Редовниот рок за пријавување е 10 мај, а продолжениот 31 мај 2019.

Може да се пријават продукциски куќи и автори од сите земји, а еден од главните критериуми е форматот на ТВ-документарец со минимално траење од 22 до 27 минути и максимално од 44 до 52 минути. Дополнителни детали за пријавувањето и условите се достапни на официјалната фестивалска страница.

Од пристигнатите пријави во официјалната натпреварувачка селекција ќе бидат прикажани 12 документарни филма, четири во ревијалната „Last Minute Cinema”, како и три филма во посебна селекција „AJB прикажува“. Официјалната селекција на вториот AJB DOC ќе биде претставена на почетокот на септември.

На филмскиот фестивал ќе бидат доделени награди во три категории, а сите избрани филмови ќе бидат во предвид и за потпишување договор за прикажување на програмата на „Ал Џазира Балкан“.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2019 16:38