Швајцарскиот режисер Клод Горета, кој го режираше филмот „Плетачка на тантели“ со Изабел Ипер, почина на 89 години во Женева.
Неговиот син Лука Горета информира дека татко му починал вчера во својот дом во Женева, опкружен со семејството.
Филмот „Поканата“ на Клод Горета е номиниран за наградата Оскар за филм на странски јазик. Тој е творец и на филмовите „Смртта на Марио Ричи“, „Бегството на господин Монд“, „Провинцијалката“.