Полудефанзивецот Маруан Фелаини, кој пристигна од Манчестер Јунајтед пред 20 дена во Шандонг Луненг, го прокоментира неговиот изненадувачки трансфер.

Во својот нов тим, 31-годишниот Белгиец ќе заработува 235.000 фунти неделно, а од многумина беше обвинет дека ги избрал парите пред развој на неговата кариера.

– Јас не сум таков. Овде гледам предизвик. Јас сум во клуб кој има сè, буквално. Мора да ги видите нашите медицински и технички капацитети. Многу сакам да бидам тука, рече белгискиот репрезентативец.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2019 18:00