Пари Сен Жермен ги демантираше гласините дека е во преговори со напаѓачот на Ал Наср, Кристијано Роналдо.

Францускиот клуб не преговара за потпишување договор со 39-годишниот Португалец и покрај пишувањата во медиумите за интерес за португалскиот репрезентативец. Во ПСЖ нема такви дискусии, објавија тамошните медиуми.

Актуелниот договор на Роналдо со Ал-Наср е до јуни 2025 година. Оваа сезона тој постигна 16 гола и забележа три асистенции на 19 натпревари во сите натпреварувања.

Во декември, поранешниот играч на француската репрезентација и Манчестер Јунајтед, Патрис Евра изјави дека во 2018 година Роналдо можел да се пресели во ПСЖ, но завршил во Јувентус



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2025 03:42