Во Општата болница во Кичево рано изутрината со возило на Итната медицинска помош бил донесен 59-годишниот Д.М., кој се здобил со сериозни повреди на работното место во фабрика во градот.

Поради сериозноста на повредите со медицинско возило тој е префрлен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид на понатамошно лекување.

Се преземат мерки за расчистување на случајот, информира Стефан Димоски од СВР-Охрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2019 15:16